Дома Фудбал Најстариот фудбалер во светот пронајде нов клуб

Најстариот фудбалер во светот пронајде нов клуб

Веќе години наназад Јапнецот Казајоши Миура е најстариот професионален фудбалер.

Миура сега потпиша договор на една година со Јокохама, а во февруари тој ќе го прослави 53. роденден.

„Се надевам дека ќе уживам во фудбалот уште долго и ќе дадам се од себе да му помогнам на клубот да ја оствари својата цел, да избори опстанок во лигата“, изјави Јапонецот.

Миура за 34 години професионална кариера одигра 754 офиицијални натпревари и постигна 221 гол. Кариерата ја започна во 1982 година.

Во Европа настапуваше за Џенова и Динамо Загреб. Интересно е дека тој е единствениот играч кој го има на ФИФА 96 и кој се уште активно игра фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Габала на Беќири му го затвори патот до врвот на Карабах

Јетон Беќири ја водеше Габала до реми без голови против Карабах. По првенствената и куп-по…