Дома Фудбал Италија Најплатените играчи во Серија А: Роналдо недоприлив, доминација на Јувентус и Интер

Најплатените играчи во Серија А: Роналдо недоприлив, доминација на Јувентус и Интер

Кристиано Роналдо се уште е убедливо најплатен играч во Серија А.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Роналдо кој во Јувентус дојде од Реал Мадрид има годишна плата од 31 милион евра што го прави далеку најплатен во првенството на Италија. Вториот најплатен играч исто така доаѓа од Јувентус, станува збор за Матијас Де Лихт кој добива осум милиони евра по сезона. И тоа е голема сума, меѓутоа разликата со Роналдо е огромна.

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку е на третата позиција со 7.5 милиони евра, исто колку што заработува и Гонзало Игуаин од Јувентус. Петтото место е резервирано за Кристијан Ериксен кој го има истиот износ.

Следи Паоло Дибала со 7.3 милиони евра, па неговиот соиграч Рабио со 7 милиони евра, Рамзи има исто така седум, а Миралем Пјаниќ 6.5.

Листата на најплатени ја затвараат Даглас Коста, Сами Кедира, голманот на Милан Донарума и стоперот на Наполи, Калид Кулибали сите добиваат по шест милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нов кандидат излезе во прв план за нов тренер на Ливерпул!

Арне Слот би можел да ја напушти клупата на Ливерпул една година пред истекот на договорот…