Дома Трансфер зона Најнова вест од Мадрид со иста најава – Роналдо заминува!

Најнова вест од Мадрид со иста најава – Роналдо заминува!

Сe повеќе информации говорат дека Кристиано Роналдо ќе го напушти „Сантиаго Бернабеу“.

Претходните денови на големо се пишува за мега трансферот на Роналдо во редовите на Јувентус.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Наводно помеѓу играчот и клубот се е договорено, се очекува Роналдо да потпише договор на четири години според кој ќе заработува 30 милиони евра по сезона.

Според информациите кои денес се појавија тие беа убедени дека 100 милиони евра ќе бидат доволни за откуп на Португалецот, но сега Перез купува време и сака да извлече поголема сума (најмалку 130 милиони евра).

Додека се чекаат информации од некоја страна од Мадрид ни стигнува нова информација која не наведува да размислуваме дека Роналдо заминува.

Имено, во Шпанија се појави вест дека Реал Мадрид им соопштил на локалните клупски продавници да престанат со изработување на дресови од Роналдо, освен доколку некој тоа посебно не го побара.

Значи, изгледа се свесни дека Португалецот ќе ги напушти па се помириле со судбината, очекувањата се Роналдо во наредните денови да биде претставен како нов фудбалер на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ пронајде фаворит за нов голман, спрмена е и понудата

Во тимот на ПСЖ наредната сезона ќе има многу промени, веќе се најавени заминувања на дел …