Франција ја победи Хрватска и го освои Мундијалот во Русија, а во финалниот натпревар интересен момент беше забележан пред почетокот на натпреварот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Имено, при традиционалното фрлање на паричката, главниот судија на натпреварот Нестор Питана се најде во центарот на вниманието поради промената вообичаеното прашање пред фрлањето на паричката.
Место стандардното „петка или глава“, Питана капитените на репрезентациите Лорис и Модриќ ги праша „Русија или Кока Кола“…