Фудбалската федерација на Англија (ФА) донесе одлука од листата на судии да го исфрли еден од најдобрите судии, Ентони Тејлор.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тој овој викенд ќе мора да отслужи казна поради огромната грешка која ја направи во минатото коло во Премиер лигата.
Тејлор е префрлен во понизок ранг за престојното коло во Англија и ќе суди во Чемпионшип лигата, сето тоа како резултат на големата грешка која ја направи на мечот Вулверхемптон – Њукасл, кога досуди непостоечки пенал за гостите.
За потсетувње, Тејлор го судеше финалето во Лигата на Европа меѓу Севиља и Рома и е најдобро рангираниот англиски судија во ФИФА.