Дома Трансфер зона Најголемата желба на Мота: Ќе плати ли Јувентус 60 милиони евра?

Најголемата желба на Мота: Ќе плати ли Јувентус 60 милиони евра?

По доведувањето на тренерот Тиаго Мота, како и договорот со голманот на Монца ди Грегорио, Јувентус ги насочи сите свои преговарачки способности кон Аталанта, со надеж дека ќе може да се договори за трансфер на Тен Копмајнерс.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Холандскиот играч за врска, кој може да ги покрие сите централни позиции од заден играч за врска до офанзива, е голема желба на Тијаго Мота.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, играчот нема ништо против да го напушти Бергамо по освојувањето на Лигата на Европа, но негова желба е да остане во Италија.

Сепак, официјална понуда од „Старите дами“ нема, бидејќи во Торино прво треба да видат што ќе прават со големиот број талентирани млади фудбалери.

Договорот на Копмајнерс со Аталанта истекува дури во 2027 година, а се шпекулира дека овој клуб ќе бара за него дури 60.000.000 евра, што веројатно ќе биде премногу за Јуве, па останува да се види како ќе заврши оваа приказна…

Инаку, овој фудбалер зад себе има одлична сезона, а наскоро ќе го гледаме и на ЕП, бидејќи се најде на списокот на холандскиот тренер Роналд Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…