Дома Фудбал Останато Најбогатиот фудбалер на светот остана без клуб

Најбогатиот фудбалер на светот остана без клуб

Фаик Болкиах, неофицијално најбогатиот фудбалер во светот, повеќе не е дел од Лестер сити, откако му заврши договорот.

Сепак, не треба никој премногу да се грижи затоа што има богатство во вредност од 20 милијарди долари.

22-годишниот Фаик е принц на Брунеи, а неговото богатство се проценува на повеќе од 20 милијарди долари.

Фаик за Лестер потпиша уште во 2016 година, но не одигра ниту една минута во Премиерлигата, а настапуваше само за тимот до 23 години, а сега мора да си бара нов клуб.

Тој е роден во Лос Анџелес, а претходно настапуваше за младите тимови на Саутемптон и Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неверојатен потег на Клоп, објави два состави на Германија

Јирген Клоп направи невообичаен потег уште на неговиот прв собир откако стана селектор на …