Дома Фудбал Направи вистинска драма за да заигра за Барселона, а сега сака што побрзо да замине!?

Направи вистинска драма за да заигра за Барселона, а сега сака што побрзо да замине!?

Во текот на летото поради неговиот потпис настана вистинска драма, но од денешна гледна точка Бразилецот погреши.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Добро познато е веќе што се случуваше минатото лето кога Малком веќе беше виден како нов играч на Рома, но во последен момент Барселона се вклучи во трката и го доведе на „Ноу Камп“.

Но, Малком засега се покажува како апсолутно промашување на Барселона, ниту малку не ги оправда очекувањата.

Според пишувањето на шпанските медиуми, Малком сега посакал да замине од клубот што е реална опција бидејќи тешко дека Барселона е задоволна од она што го покажа. Шпанците тврдат дека фудбалерот веќе испратил барање за трансфер.

Малком има само 21 година и нема премногу искуство од играње на највисоко ниво, а проблем му направи и повредата со која се здоби на самиот старт.

За Барселона во првенството одигра само 25 минути, па интересено да се види што ќе се случува со овој играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луис Енрике е генијалец: Со неверојатен потег ја уништи ноќта на ѕвездата на Баерн

ПСЖ изгледаше моќно во реванш дуелот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Баерн …