Дома Фудбал Италија Направена пресметка: Во топ 5 првенства најмногу пенали се судат во Серија А

Направена пресметка: Во топ 5 првенства најмногу пенали се судат во Серија А

Фудбалската статистика на „ЦИЕС“ направи истражување и пресмета во кои првенства најмногу се досудуваат пенали.

Според нивните пресметки најчесто пенали се судат во Серија А и таа е прва кога во прашање се топ 5 првенства. Кога се сите лиги во светот во прашање на врвот е египетската лига. Пенал во Египет просечно се суди на секои 173 минути, додека во Италија просекот е 235 минути.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Зад нив следува Франција со 245 минути, потоа Шпанија со 253 минути, Бундеслигата со 289, а најретко пенали се „свират“ во Премиер лигата, на секои 321 минута.

Во светски рамки најретко пенал се суди во првата и втората јапонска лига со 520 и 513 минути.

„ЦИЕС“ направи пресметка и на искористеноста на пенали, тука на врвот се Франција и Катар со 82.2%. Искористеноста во Италија е 81.3%, во Премиер лигата 80.3%, а најслаби од европската „петорка“ се Шпанците со просек од 74.9%.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Салах имаше порака за Клоп и најави „пеколна борба“ за трофеи со Ливерпул

Ако имаше дилема, сега ја нема – Мохамед Салах и следната сезона ќе го носи дресот н…