Дома Топ вести Наполи одлучи, гигантите слават: Кулибали ставен на продажба

Наполи одлучи, гигантите слават: Кулибали ставен на продажба

Наполи минува низ најголемата криза во последните неколку години, проблемите на релација играчи-раководство се уште не се завршени.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Медиумите пишуваат дека Аурелио Де Лаурентис нема да им прости на играчите за побуната и дека „отпишал“дури седум фудбалери.

Меѓу нив се најголемите ѕвезди на тимот, Дрис Мертенс, Хозе Каљехон, Алан… но и еден од најдобрите стопери на светот Калиду Кулибали.

Де Лаурентис е особено разочаран од Кулибали, за него одби понуда од 100 милиони евра ова лето, но сега работите се променија и е спремен да го продаде.

Причината се и лошите партии на Кулибали оваа сезона, што се одрази со голем број примени голови.

Италијанските медиуми тврдат дека Наполи сигурно ќе го продаде дефанзивецот на лето, а почетната цена е 80 милиони евра.

Многу европски гиганти покажуваат интерес за дефанзивецот, а се верува дека Манчестер Сити е спремен да ја плати бараната сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…