ФРАНЧЕСКО КАЛЗОНА (55) е нов тренер на Наполи до крајот на сезоната. Калзона паралелно ќе ја води и репрезентацијата на Словачка, чиј селектор е од 30 август 2022.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Словаците се согласија на оваа комбинација, па Калзона ќе биде на клупата на ЕП.
Калзона работеше исклучиво како помошник тренер до 2022 година. Така беше во Перуџа, Алесандрија, Соренто, Емполи, Каљари, но и Наполи од 2015 до 2018 година. Тој во Наполи во сезоната 2021/2022. бил и технички директор. На клупата ќе го наследи Валтер Мацари (62) кој го предводеше Наполи од 14 ноември 2023 година.
Во 17 натпревари, Мацари оствари шест победи, три нерешени и осум порази. Прв тренер на Наполи оваа сезона беше Руди Гарсија (59), кој доби отказ по осум победи, четири нерешени и четири порази.
Наполи е актуелен италијански шампион, а во среда ја пречекува Барселона во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.