Дома Топ вести Наполи и Јувентус ја сакаат новата француска ѕвезда

Наполи и Јувентус ја сакаат новата француска ѕвезда

Наполи и Јувентус покажуваат сериозен интерес за младиот талент на Лион, Рајан Черки, пренесуваат француските медиуми.

20-годишниот офанзивен играч за врска игра одлична сезона за Лион и го привлече вниманието на многу европски гиганти.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Черки е офанзивен фудбалер кој може да игра и како плејмејкер, но и по крилните позиции. Тој е продукт на школата на Лион и важи за најголем француски талент во моментов.

Черки на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Лион е спремен да слушне понуди, а италијанските гиганти сакаат да ја искористат таквата ситуација.

Лион за неговата слобода бара 30 милиони евра, а интерес за него покажуваат и клубовите од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Серија А ги избира најдобрите: Познати кандидатите по позиции

До крајот на сезоната во Италија остана уште едно коло, па така веќе се собираат впечатоци…