Наполи и Јувентус покажуваат сериозен интерес за младиот талент на Лион, Рајан Черки, пренесуваат француските медиуми.
20-годишниот офанзивен играч за врска игра одлична сезона за Лион и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Черки е офанзивен фудбалер кој може да игра и како плејмејкер, но и по крилните позиции. Тој е продукт на школата на Лион и важи за најголем француски талент во моментов.
Черки на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Лион е спремен да слушне понуди, а италијанските гиганти сакаат да ја искористат таквата ситуација.
Лион за неговата слобода бара 30 милиони евра, сума која Наполи и Јувентус се спремни да ја платат.
💣💥Napoli, Juventus and Crystal Palace have put Lyon attacking midfielder Rayan Cherki, 20, on their list of transfer targets. 🇫🇷 ⚪#OL https://t.co/0NghuI0m0a pic.twitter.com/0hAp5fKGmJ
— Ekrem KONUR (@Ekremkonur) December 25, 2023