Дома Топ вести Напаѓачот на Барса пред трансфер во Борусија Дортмунд

Напаѓачот на Барса пред трансфер во Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд е најблиску до потписот на напаѓачот на Барселона, Пако Алкасер, тврдат шпанските медиуми.

По се изгледа дека 24-годишниот напаѓач нема да остане на „Камп Ноу“, а неговото име е поврзувано уште и со трансфер во Порто или Бетис.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Последните информации, сепак се дека Борусија Дортмунд е во напредни преговори за трансфер на голгетерот и наскоро двата клуба може да постигнат согласност.

Алкасер пристигна во Барса од Валенсија во 2016 година за 30 милиони евра и потпиша петгодишен договор. Сепак, тој тешко можеше да успее да стигне до првото место во тимот и одигра само 50 натпревари, во кои постигна 15 гола. Тој исто така има 13 натпревари и 6 гола за репрезентацијата на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал спреми 80 милиони за Исак

Њукасл би можел да биде принуден да се раздели со ѕвездата Александер Исак за да го покрие…