Дома Фудбал Англија Напаѓачите на Челзи незадоволни од Тухел, ги пцуел и навредувал

Напаѓачите на Челзи незадоволни од Тухел, ги пцуел и навредувал

Неколку офанзивни фудбалери на Челзи не се задоволни од менацерот Томас Тухел, ексклузивно пренесува „Атлетик“.

Тухел пред точно една година седна на кормилото на Челзи и после само неколку месеци триумфираше во Лигата на шампиони.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред неколку недели ситуацијата во тимот беше нарушена после изјавите на Ромелу Лукаку дека не е среќен во Челзи и не е задоволен од работата на Тухел.

Медиумот соопштува дека Лукаку не е единствениот, туку и неколку други офанзивни фудбалери се крајно незадоволни од Тухел и константните промени на офанзивните планови и начин на игра.

Друг голем проблем е и односот на Тухел кон напаѓачите, многуте пцовки кои тренерот ги користи при секоја грешка, што ги налутило некои од играчите па дури сакаат да го напуштат клубот.

Кристијан Пулишиќ и Ходсон-Одој не се задоволни што Тухел постојано ги менува нивните позиции.

За Каи Хаверц и Тимо Вернер клубот плати вкупно 120 милиони фунти, а двајцата заедно започнаа само на еден меч во Премиер лигата оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Жозе Мурињо сака втора шанса во клубот од кој беше избркан: Ќе ја добие ли?

Скоро во текот на целата сезона медиумите пишуваат за отказ на Ерик Тен Хаг во Манчестер Ј…