Дома Фудбал Напаѓач од 1 милијарда: Бензема во Реал Мадрид до 2021!

Напаѓач од 1 милијарда: Бензема во Реал Мадрид до 2021!

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема денес и официјано стави потпис на нов договор и се обврза на верност кој „кралевите“ до јуни 2021 година.

Францускиот напаѓач според новиот договор годишно ќе заработува 7,5 милиони евра по сезона, а Реал Мадрид во неговиот договор стави откупна клаузула од 1 милијарда евра.

Бензема е третиот фудбалер на Реал Мадрид кој го продолжува договорот во поседната седмица, откако претходно истото го направија Иско и Карвахал.

Бензема пристигна на „Сантиаго Бернабеу“ во 2009 година за 35 милиони евра и од тогаш е незаменлив дел од тимот на „кралевите“. Иако не добива големо признание, Французинот е незаменлив кај сите 5 менаџери кои се сменија на клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зошто Марадона бил погребан без срце? Кастро откри необичен план на навивачи

Неврологот Нелсон Кастро тврди дека срцето на аргентинската легенда било задржано по обдук…