Дома Македонски спорт Наковска-Бикова го освои одличното шесто место во Токио

Наковска-Бикова го освои одличното шесто место во Токио

Македонскиот претставник на Параолимписките игри во Токио, стрелачката Оливера Наковска – Бикова, претпладнево го освои шестото место во финалето во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бикова, откако беше осма во квалификациите, во финалето, со резултат 147,9, го освои шестото место. Јаванмарди од Иран го освои златниот медал, а сребрен и бронзен медал освоија Пехливанлар од Турција и Давид од Унгарија.

Оливера ќе има уште две шанси да осови медал на Параолимписките игри во Токио, бидејќи е пријавена и во дисциплините 25 и 50 метри воздушен пиштол. Во дисциплината 25 метри ќе настапи веќе на 2 септември, додека медал на 50 метри ќе лови на 4 септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …