Дома Фудбал Репрезентации Наинголан јасен: Кога ќе кажам крај, тогаш навистина е завршено

Наинголан јасен: Кога ќе кажам крај, тогаш навистина е завршено

naingolan

Играчот за врска на Интер има јасен став.

Раџа Наинголан не се најде на списокот патници во Русија за неговата селекција и поради таквата одлука тој се откажа од настапувањето за оваа репрезентација.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега повтори дека нема никакви шанси повторно да го облече дресот на Белгија.

„Нема повторно да играм за репрезентацијата го кажав тоа и пред Светското првенство, а јас сум човек кој си стои на зборот. Јас играм фудбал тука во Интер и посветен сум на овој тим“.

„Без разлика дали Белгија ќе го промени тренерот, репрезентацијата за мене е затворена приказна. Кога ќе кажам дека е крај, тогаш навистина е така. Секогаш кога играат репрезентациите ја имам 4 или 5 дена слободни и поради тоа сум среќен“.

„Бев разочаран. Одиграв одлично европско првенство, а потоа бев исфрлен без причина. Јас тоа го гледам поинаку, имаше неколку играчи кои не играа за своите клубови, а сепак добија повик. Јас одиграв 50 натпревар натпревари и повторно бев изоставен. Го заслужив тој повик“, изјави Наинголан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…