Турки Ал Шеик, советник на кралското семејство на Саудиска Арабија, на шпанскиот тенисер Рафаел Надал му подари рекет од чисто злато.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Рафа вчера го имапе последниот меч против Новак Ѓоковиќ, со тоа стави крај на една тениска ера која траеше две децении.
Неговиот придонес во светот на тенисот и во светот на спортот организаторот на егзибицискиот турнир во Ријад и тоа како знаеше да го почитува. Па така по мечот Рафа си доби специјален подарок и тоа златен рекет.
„Задоволство е што си тука со нас, за тебе имаме мал подарок од „сезоната на Ријад“ и ти посакувам добра иднина во животот“.
#Nadal presented with a Gold Tennis Racket on his forthcoming retirement from his Excellency at the #RiyadhSeason pic.twitter.com/cb71SEeQpo
— Elon’s Girlfriend 🤣 (@loveofmusic121) October 19, 2024