Дома Останати Тенис Надал: Од спортска страна повеќе би сакал Ѓоковиќ да не е тука

Надал: Од спортска страна повеќе би сакал Ѓоковиќ да не е тука

Ситуацијата со Новак Ѓоковиќ станува вистинска сапуница. Судот на судењето кое заврши утрово по средноевропско време донесе одлука да му се врати визата на Ѓоковиќ, меѓутоа властите повторно сакаат да го депотираат – ова го потврди братот на Ѓоковиќ, Ѓорѓе.

Неколку тенисери ја коментираат одлуката на Ѓоковиќ да му се врати визата, а најмногу внимание привлече онаа на Надал.

 „Од спортска страна повеќе би сакал да не е тука, но судот го кажа своето и не е важно дали ја се сложувам со Ѓоковиќ за некои работи или не. Ја почитувам одлуката на судот“, изјави Надал.

Засега и покрај враќањето на визата неизвесно е дали Новак ќе може да остане во Австралија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лоши вести за Ѓоковиќ: Медведев го помина првото коло во Пекинг

Данил Медведев го победи Пабло Карењо-Буста и се пласираше во второто коло на АТП турнирот…