Дома Останати Надал лесно и без проблеми до полуфиналето

Надал лесно и без проблеми до полуфиналето

Најдобриот тенисер на светот, Шпанецот, Рфаел Надал се пласираше во полуфиналето на УС Опен, откако вечерва го совлада Русинот, Андреј Рублев во три сета – 6:1,6:2 и 6:2.

Мечот на Надал и 19-годишниот руски тенисер траеше 96 минути.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Надал така лесно стигна до првото полуфинале на УС Опен од 2013. година, кога ја освои и титулата во Њујорк. Рублев, од друга страна, не успеа да ги повтори партиите од изминатите дуели кога ги елиминираше Григор Димитров и Давид Гофан.

Против Надал во битка за финалето од УС Опен ќе биде победникот од мечот помеѓу Роџер Федерер и Хуан Мартин дел Порто.

Ако Федерер се пласира во полуфиналето, тоа ќе биде нивни прв дуел на УС Опен, а веројатно и финале пред финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Скандал: Уапсен најдобриот голфер во светот🎥

Најдобриот голфер во светот Скоти Шелфер бил уапсен, пренесуваат светските медиуми. Шелфер…