Дома Останати Надал бара оштета од 100.000 евра!

Надал бара оштета од 100.000 евра!

Шпанскиот тенисер одлучи да ги наплати обвинувањата кон него кои никогаш не беа докажани.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Рафаел Надал поднесе тужба против Роселин Башело, тогашната министерка за спорт во Франција, уште во март минатата година поради неосновани обвиненија за допинг како што истакнува Надал.

Надал бара оштета од 100.000 евра, а неговиот адвокат Патрик Мазноев истакна дека зборовите на поранешната министерка имале голема тежина поради функцијата која ја извршувала во тој период.

„Рафа побара заклучна расправа и покажување на докази, но такво нешто никогаш немаше, па сега тој бара оштета за нарушување на неговото реноме во светот на спортот“, изјави адвокатот на Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Сабаленка му возврати на Ѓоковиќ, заводливо танцуваше по победата на Ролан Гарос (Видео)

Првата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, лесно помина во првото коло на вториот Гренд …