Дома Останати Ракомет Награда за маестралниот настап: Дибиров во тимот на колото во Лигата на шампионите

Награда за маестралниот настап: Дибиров во тимот на колото во Лигата на шампионите

Тимот на Вардар во Лигата на шампионите запиша важна победа на гостувањето во Манхјам кај Рајн-Некар Левен (27:30).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во оваа важна победа за црвено-црните еден од најдобрите поединци беше Тимур Дибиров. Русинот одигра извонреден натпревар, а посебно се истакна со голот од девет метри во финишот од натпреварот.

Ваквиот негов настап не помина незабележано и од ЕХФ од каде што го сместија Дибиров во тимот на колот.

Освен ракометарот на македонскиот претставник во тимот на колото место добија: Винсент Жерар, Михаил Јурецки, Барис Пухоуски, Иван Сршен, Лук Абало и Јаник Колбахер.

Вардар следниот натпревар во Лигата на шампионите го игра на домашен терен против Веспрем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пелистер од прв шешир во Лига Европа, Охрид остана без вајлд-карта

Еурофарм Пелистер ќе биде единствениот македонски претставник во групната фаза од Европска…