Дома Видео Навивачите на Јувентус не можат да му го простат потегот на Сари во 2018. година

Навивачите на Јувентус не можат да му го простат потегот на Сари во 2018. година

Јувентус вчера официјално потврди дека Маурицио Сари е нов тренер на клубот.

Сари со Старата дама потпиша тригодишен договор, а во клубот пристигна после една сезона во Челси. Италијанскиот стручњак имаше намера да остане во лондонскиот клуб до крајот на договорот, но кога Јуве покажа интерес не можеше да одолее.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус и Сари брзо ја договорија соработката, а вчера беше официјално потврдено. Сепак, доаѓањето на Сари не ги израдува многу навивачите на Јувентус.

Имано, навивачите на Јувентус веднаш почнаа да споделуваат видео направено во 2018. година додека Сари го предводеше Наполи. Пред натпреварот против Јувентус додека автобусот на Наполи доаѓаше на Алијанц Арена помина низ група навивачи на Јуве, а Сари им покажа среден прст.

Ова видео вчера стана хит на социјалните мрежи, а многумина навивачи на Старата дама порачаа дека не можат да му го простат овој потег на Сари и најавија дека ќе го пречекаат со свирежи на првиот натпревар на Јуве на домашен терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…