Дома Фудбал Останато Навивачите на Тирана среде ноќ ги разбудија фудбалерите на Звезда ?

Навивачите на Тирана среде ноќ ги разбудија фудбалерите на Звезда ?

Фудбалерите на Црвена Звезда вечерва играат против Тирана во натпревар од второто претколо во Лигата на шампионите.

Натпреварот во Албанија е во центарот на вниманието поради познатите тензии. Играчите на Звезда во Тирана допатуваа вчера, го одработија тренингот и се вратија во хотелот во кој се сместени.

Но, таму ги дочека изненадување во текот на ноќта. Група навивачи на Тирана во текот на ноќта пуштаа огномет пред хотелот во кој беа сместени фудбалерите на српскиот тим.

Натпреварот помеѓу Тирана и Звезда се игра вечерва од 20:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Антонио Вергара го прави деби за Италија против Франција

Антонио Вергара од Наполи го направи своето деби за Италија во реми од 1-1 против Франција…