Контровернзиот Италијанец, Марио Балотели би можел ова лето да ја засили Рома, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тренерот Ди Франческо отворено призна дека сака да соработува со Балотели, а раководството веќе ги презеде првите чекори за негов ангажман.
Меѓутоа, навивачите на „волчицата“ оштро се спротиставија на таквиот потег и испратија брутална порака до напаѓачот.
„Полуфудбалер, бескорисен играч кој се штити со својата боја на кожата. Балотели, Рома не те сака“, гласи во пораката од фановите.
