Aлваро Мората одлучи некое време да ги напушти друштвените мрежи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанскиот напаѓач најнормално поставуваше објави на друштвената мрежа Инстаграм, но после последната фотографија која ја објави покрај својот татко донесе одлука на неодредено време да се повлече од Инстаграм.
Оваа одлука беше изненадување за неговите фанови, но медиумите потоа објавија дека Мората на ваков потег се одлучил после бројните навреди од навивачите на Реал.
Мората е поранешен играч на Реал, денес е член на Атлетико, а на спорната фотографија тој со таткото е во прегратка на поранешниот стадион на Атлетико Висенте Калдерон.