Дома Фудбал Англија Навивачите бесни по интервјуто на Роналдо, клубот ја спрема казната

Навивачите бесни по интервјуто на Роналдо, клубот ја спрема казната

Кристијано Роналдо очигледно планирано даде интервју во кое се збогуваше со Манчестер Јунајтед во пресрет на паузата во клупскиот фудбал поради Светското првенство во Катар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалецот наводно поради настинка не беше во составот за натпреварот против Фулам кој тимот го доби со 2:1, а по овој натпревар следуваше бура на Островот. Во интервјуто со Пирс Морган Роналдо жестоко го критикуваше клубот и менаџерот Ерик Тен Хаг за кого јавно кажа дека не го почитува.

Медиумите на Островот пренесуваат дека во клубот не биле информирани за ваквото интервју на Роналдо и дознале кога дозна и целата јавност. Според првичните информации клубот по ова интервју сака да го казни Роналдо со еден милион фунти, но и да го раскине договорот.

Ниту фановите на Манчестер Јунајтед не се задоволни и не го оправдуваат потегот на Роналдо, за нив ова е циркус кој не смее да се случува во клуб како Манчестер Јунајтед, па и тие сакаат Роналдо да замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најпознатата навивачка на Хрватска ги возбуди сите на натпреварот со Панама (Фото)

Фудбалската репрезентација на Хрватска игра натпревар од второто коло на Светското првенст…