Дома Топ вести На потег е Челзи: Фабрегас ја прифатил понудата од Милан?

На потег е Челзи: Фабрегас ја прифатил понудата од Милан?

Цеск Фабрегас ја прифатил понудата од италијанскиот фудбалски клуб Милан и се чека само дозвола од Челзи за трансферот да се реализира па шпанскиот интернационалец од следната сезона да игра во „црвено-црниот“ дрес.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што јавуваат италијанските медиуми, Фабрегас добил понуда од калчолигашот која изнесува 4,5 милиони евра плус бонуси.

За Фабрегас наводно е заинтересиран и Атлетико Мадрид, но засега од „Винсенте Калдерон“ нема пристигнато понуда за Шпанецот.

Како обештетување Челзи бара 25 милиони евра, а оваа сума за Милан кој доби нови сопственици од Кина, во моментов не претставува проблем.

Кинезите најавија големи засилувања за клубот од Милано. Еден од нив може да биде и Фабрегас доколку со Челзи се најде заеднички јазик околу сумата за негов предвремен раскин на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…