Кристијан Ериксен не игра премногу оваа сезона во Интер, но во последно време сепак добива шанси.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Антонио Конте последен сфати дека Ериксен има квалитети, а настапот во Купот против Милан и голот од слободен му овозможија подобар статус на Џузепе Меаца.
Но и покрај тоа, Ериксен не е сигурен во Интер, а сега повторно се поврзува со клубовите од Островот. Калчомеркато пишува дека Данецот е желба на Томас Тухел и Сините ќе се обидат да се договорат со Интер.
Не е исклучена можност Челси да го понуди Жоргињо, за кој Конте има добро мислење. Италијанскиот репрезентативец е еден од важните играчи на Тухел во Челси, но се наведува дека Интер ќе доплати 20 милиони евра плус Ериксен.
Секако тоа би била интересна размена на играчи, а Ериксен без дилема ќе стане предавник за сите навивачи на Тотенхем.