Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус следното лето сака да направи интересна трампа со големиот ривал Рома.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Бјанконерите“ се спремни да прават ремонт на одбраната и од сегашните дефанзивци ќе останат само Бонучи и Киелини.
Барзаљи заминува во пензија, а Бенатија и Ругани не се задоволени од статусот и сакаат да ја променат средината.
Италијанските медиуми тврдат дека Ругани би можел да заврши во Рома во замена за Костас Манолас. Италијанскиот шампион смета дека Гркот би бил идеален партнер за Бонучи.
Притоа, би се отворило простор и за еден млад фудбалер, а најголема желба е Никола Миленковиќ од Фиорентина. Србинот игра фантастично оваа сезона и е на мета на многу европски гиганти.