Дома Фудбал Англија На новиот дрес на Манчестер Сити ќе има детал во чест на Агуеро 📸

На новиот дрес на Манчестер Сити ќе има детал во чест на Агуеро 📸

Манчестер Сити пред неколку недели потврди дека Серхио Агуеро на крајот на оваа сезона ќе го напушти клубот.

Агуеро во Манчестер Сити стигнап ред 10 години од Атлетико Мадрид за сума од 40 милиони евра и тоа беше полн погодок за газдите на клубот кои тогаш почнуваа да градат силен Манчестер Сити.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинецот стана најдобриот стрелец во историјата на клубот со 257 голови на 385 натпревари и додаде уште 73 асистенции. Сега после 10 години Агуеро ќе побара нов клуб и сиурно нема да има проблем пронаоѓањето ангажман.

Манчестер Сити одлучи да му се заблагодари на еден посебен начин. Во јавноста се појавија дресовите кои ќе го носат играчите на Сити наредната сезона, како и вообичаено нив ги објави „Footyheadlines“.

На внатрешниот дрес на новиот дрес на „граѓаните“ ќе биде испишано 93:20 што е моментот кога Агуеро постигна гол во неверојантата сезона и донесе титула на Манчестер Сити во сезоната 2011/2012.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ништо од Баерн – Нагелсман потпиша!

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јулијан Нагелсман го продолжи договорот…