Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал изминатата вечер потврди дека нема да настапува на УС Опен, иако тоа беше негова голема желба.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Со потврдата дека нема да настапи на овој турнир стана јасно и дека Надал завршува со настапите на грен-слем турнирите кои оваа сезона ги немаше многу.
Главната цел на Надал беа Олимписките игри, а не играше на Австралија Опен и Вимблдон, додека на Ролан Гарос беше поразен од Александар Зверев во првото коло.
Така Надал ќе ја заврши сезоната без победа на грен-слем турнирите и тоа е нешто што му се случува за првпат од 2002 година кога имаше само 16 години и беше на почетокот од кариерата. Првата грен-слем победа Надал ја оствари во 2003 година кога на Вимблдон дојде до третото коло.