Дома Фудбал Италија На Кансело „му се допаѓа“ отказот на Алегри, Јувентус размислува да го продаде!

На Кансело „му се допаѓа“ отказот на Алегри, Јувентус размислува да го продаде!

Дефанзивецот на Јувентус, Жоао Кансело може да биде санкциониран од клупското раководство поради активноста на социјалните мрежи.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Португалецот стегна „лајк“ на коментар на еден фан, кој го повика раководството да му врачи отказ на тренерот Масимилиано Алегри.

Алегри е на кормилото на Јувентус од 2014 година, освои пет Скудета во низа, но се најде на мета на критики после елиминацијата во Лигата на шампиони.

Со ваквиот потег Кансело јавно потврди дека не е во добри односи со тренерот Алегери, па италијанските медиуми веднаш почнаа да шпекулираат дека може да си замине ова лето.

Наводно и Јувентус е спремен да го продаде доколку стигне понуда од 50 милиони евра, а интерес за него покажуваат Манчестер Јунајтед и Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арбелоа: Јас сум виновен за тепачката меѓу Чуамени и Валверде

Алваро Арбелоа изјави дека ја презема одговорноста за инцидентот меѓу соиграчите Федерико …