Пред точно 14 години на денешен ден Лионел Меси започна да пишува историја во Барселона.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Со број 30 на грбот, тогаш тинејџерот со долга коса влезе во игра на местото на Деко во натпреварот помеѓу Барселона и Еспањол, а подоцна овој тинејџер од Росарио ќе стане еден од најдобрите во историјата.
Меси од тој момент до денес одигра 648 натпревари за Барселона и постигна 563 погодоци, но неговата приказна се уште не е завршена и ќе се пишува сигурно уште некоја година.
Со Барселона освои се што може да се освои, долги години е во самиот врв, а за многумина е и најдобар фудбалер во историјата.
Едно е сигурно, поновата историја на Барселона започна да се пишува на 16 октомври пред 14 години. Останатото го знаете…
1⃣4⃣ years ago today Lionel Messi made his @FCBarcelona senior team debut.
He's scored 563 goals in 648 appearances since then.
The story continues…pic.twitter.com/R5DgVzV7eh
— FIFA.com (@FIFAcom) October 16, 2018