Дома Фудбал На Видал му виси суспензија од УЕФА

На Видал му виси суспензија од УЕФА

Виктор Кашаи, унгарскиот судија, која ја делеше правдата на натпреварот Реал-Баерн во Лигата на шампионите, брутално го оштети германскиот тим, но направи и неколку грешки на штета на Реал.

Кашаи на Артуро Видал во 84.минута му го покажа вториот жолт картон за прекршок кој не постоеше, а потоа во продолженијата призна два нерегуларни гола за Реал.

Но Унгарецот, пропушти да го исклучи Видал во 54.минута, кога играчот на Баерн без топка, со лакотот го удри Тони Крос.

Со овој случај ќе се занимава Дисциплинската комисија на УЕФА, откако ќе го анализира видео материјалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…