Дома Трансфер зона Мустафи во последните моменти може да потпише за Јувентус!

Мустафи во последните моменти може да потпише за Јувентус!

После тешката повреда на Џорџо Киелини кој ќе биде надвор од теренот најмалку шест месеци Јувентус тргна во потрага по негова замена.

Преодниот рок завршува денес и во последен момент Јувентус би можел да го доведе Шкодран Мустафи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германецот во 2016 година пристигна од Валенсија за 41 милион евра, но многу се мачеше во Англија и поради честите грешки беше на мета на навивачите на Арсенал.

Мустафи после четири одиграни кола во Премиер лигата не одиграл ниту една минута и воопшто не беше во конкуренција за настап.

Ќе видиме дали овој трансфер ќе се реализира до затварањето на летниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…