Дома Фудбал Останато Мурињо: Феенорд има предност, ова е најважното финале

Мурињо: Феенорд има предност, ова е најважното финале

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо пред финалето во Конференциската лига против Феенорд изјави дека ова е неговото најважно финале.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Притоа, потенцираше дека Феенорд има предност бидејќи холандското првенство е веќе завршено.

„Историјата и важноста на натпреварувањето се различни, но ова е најважното финале за нас бидејќи ние треба да го играме. Ова ќе биде наш 15-ти меч во Европа оваа сезона. Почнавме во август и патувавме многу. Плативме висока цена во Серија А, губевме бодови против тимови кои имаа цела недела да се подготвуваат за мечот“, истакна Мурињо.

„Се разбира дека Феенорд има предност, и тоа голема предност поради тоа што немаат други натпревари. Ние треба да играме важен меч против Торино. Тие ја завршија сезоната и сега мирно се подготвуваат“, заклучи Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим за Модриќ: Ако треба, лично ќе одам по него!

Искусниот хрватски фудбалер Лука Модриќ (40) моментално ужива во заслужен одмор по уште ед…