Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран во своите редови да го доведе напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, пренесуваат англиските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако неодамна Кејн го продолжи договорот со Тотенхем, Мурињо е подготвен да понуди 80 милиони фунти за англискиот репрезентативец.
Кејн е во моментов еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата, а минатата сезона ја освои и наградата за најдобар стрелец во лигата, завршувајќи ја сезоната со 26 постигнати погодоци.
Тој има импресивен скор во Премиер лигата, па вчера на својот 100-ти настап го постигна својот 59-ти гол.
Портуаглецот смета дека со доаѓањето на Хари Кејн долгорочно би се решило прашањето во нападот, но Тотенхем тешко дека би се согласил на такво нешто.