Дома Фудбал Англија Мурињо се согласи да го преземе Њукасл

Мурињо се согласи да го преземе Њукасл

Бившиот тренер на Манчестер Јунајтед и Челзи, Жозе Мурињо е спремен да започне преговори за да седне на кормилото на Њукасл, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Њукасл премина во рацете на шеикот Халеб бин Заед, па „Специјалниот“ очекува да добие повик и конкретна понуда за тренерското столче.

Зделката за купување на клубот се очекува да биде финализирана во следните неколку недели, а новите сопственици го сакаат Мурињо на клупата.

„Ми се допаѓа да работам таму. Ми се допаѓа клубот, стадионот и атмосферата таму. Имаат одлични фанови полни со ентузијазам“, изјави Мурињо.

Мурињо после отказот во Манчестер Јунајтед нема примамливи понуди, па е спремен да го преземе Њукасл каде ќе добие солиден буџет за изградба на конкурентен тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанија ја совлада Португалија во „последниот танц“ на Роналдо

Европскиот шампион Шпанија продолжува со настапите за светската титула, откако победи со 1…