Дома Трансфер зона Мурињо сака уште едно засилување и има „луда“ идеја!

Мурињо сака уште едно засилување и има „луда“ идеја!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо сака преодниот рок да го затвори со уште едно засилување за својот тим.

Ова лето Мурињо на засилувања потроши повеќе од 160 милиони евра, а на „Олд Трафорд“ пристигнаа Ромелу Лукаку, Виктор Линделоф и Немања Матиќ. Според пишувањата на англиските медиуми „Специјалниот“ сака уште едно засилување до крајот на преодниот рок.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако пропадна трансферот на Иван Перишиќ, Мурињо има „луда“ идеја да го донесе ветеранот Арјен Робен со кого соработуваше во Челзи.

Робен влегува во последната година од договорот со Баерн Минхен, па Мурињо може да го добие по поволна цена, а притоа Холанѓанецот веќе има 33 години.

Мурињо смета дека Робен ќе биде идеално засилување за неговиот тим и фудбалер кој ќе може да прави разлика на теренот, па останува да видиме што мислат Баварците и дали се спремни да ја пуштат својата ѕвезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Симеоне го носи Дибала во Атлетико

Шпанските  медиуми пренесуваат дека најголема желба на Атлетико Мадрид во летниот преоден …