Дома Трансфер зона Мурињо носи уште едно засилување од Португалија

Мурињо носи уште едно засилување од Португалија

Тотенхем денес и официјално го претстави првото засилување, Жадсон Фернандеш од Бенфика, но јасно е дека тоа нема да биде единственото засилување за „спарси“ оваа зима.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мурињо е во потрага по напаѓач кој ќе може да биде замена за Хари Кејн, а медиумите на Островот тврдат дека и тоа засилување може да пристигне од Португалија.

Имено, Мурињо е заинтересиран за 28-годишниот напаѓач на Порто, Зе Луис и започнал преговори со неговиот бивши клуб.

Зе Луис оваа сезона има 12 настапи за Порто на кои постигна седум гола, а Тотенхем сака да го донесе на позајмица со право на откуп следното лето.

Англиските медиуми тврдат дека Порто ќе ја прифати понудата и трансферот е блиску до реализација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…