На последниот натпревар во Рим меѓу Лацио и Наполи, играчите од двата тима настапуваа со дополнителен мотив поради најавената посета на делегацијата на Манчестер Јунајтед.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Делегацијата на Јунајтед беше дојдена со една и единствена причина, а тоа беа напаѓачот на Наполи Дрис Мертенс и играчот за врска на Лацио Сергеј Милинковиќ Савиќ.
Овие двајца фудбалери се на радарот на Жозе Мурињо и сака да ги донесе на „Олд Трафорд“, па поради тоа испратил скаути да ги гледаат во живо.
Мертенс играше до 81 минута на „Олимпико“ и тој е еден од најдобрите офанзивни фудбалери оваа сезона во Серија А, а сеуште го нема продолжено договорот со Наполи и веројатно е дека ќе ја промени срединаа на лето.
Милинковиќ Савиќ пак е едно од најголемите откритија оваа сезона во Серија А кога се фудбалерите за врска во прашање. Србинот има постигнато 7 гола и 7 асистенции, а за него интерес покажа и Јувентус.