Дома Фудбал Англија Мурињо на свој начин го искоментира доаѓањето на Артета во Арсенал

Мурињо на свој начин го искоментира доаѓањето на Артета во Арсенал

Жозе Мурињо даде свое видување за назначувањето на Микел Артета на кормилото на Арсенал и неговата изјава веднаш стана хит на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалецот е зачуден што елитен тим како Арсенал се одлучи да му даде шанса на Артета, на кого ова ќе му биде прво тренерско искуство.

„Единствена смисла во потегот на Арсенал која можам да ја најдам, меѓу останатото, а на што може да се насмееме, е тоа дека претходно најдобрите тренери беа оние со најмногу победи. Денеска најдобри се оние со најмалку порази“, истакна Мурињо.

„Погледнете го само Анчелоти, човекот има 3 титули во ЛШ, освојуваше и купови и победуваше каде и да работеше. Денеска очигледно не се гледа колку се победува, туку колку пати сте изгубиле, па излегува дека најдобри тренери се оние со 0 порази. Единствената причина што ми паѓа на ум е дека челниците го гледаат резимето на менаџерите и гледаат само кои имаат повеќе порази и кои помалку порази. Па затоа на менаџерите со помалку порази им ја даваат работата. Не гледам друга причина“, изјави Мурињо. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дали в недела ќе го видиме најголемиот скандал на Мундијалите од 1982 година?

Рано наутро во недела би можеле да бидеме сведоци на нов спортски скандал на Светското прв…