Дома Фудбал Англија Мурињо му одговори на Солскјер: Таткото на Сон е многу подобра личност од тебе!

Мурињо му одговори на Солскјер: Таткото на Сон е многу подобра личност од тебе!

Манчестер Јунајтед на гостински терен вчера го совлада Тотенхем со 1:3 во дербито од 31. коло во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Но, деталот кој го обележа мечот се случи во 35. минута кога беше поништен гол на Кавани. Тогаш судијата после прегледувањето на ВАР снимката го поништи голот затоа што Мектоминеј со рака го закачи Сон пред голот да биде постигнат.

„Грешка е што воопшто ја гледаше таа ситуација, тоа беше чист гол. Ако мојот син остане да лежи после такво нешто три минути и десет пријатели му помагаат да стане подоцна нема да добие ништо за јадење“, изјави Солскјер.

Сепак, не се чекаше долго на одговор на Мурињо.

„Сон е среќна личност и има родител која подобра личност од Оле. Таткото секогаш треба да се грижи да го нахрани своето дете, без оглед на тоа што направил. Ако треба ќе крадете, само за да го нахраните детето. Навистина сум многу разочаран од коментарот на Солскјер, а уште повеќе сум разочаран што вие ја игнорирате таа тема“, рече Мурињо. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Далиќ најави заминување и порача: Малите двапати направија чудо, сега не смееја

По цели девет години, Златко Далиќ се повлекува од позицијата селектор на Хрватска. Јавно …