Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо пред големото дерби со Ливерпул изјави дека „црвените“ имаат многу среќа оваа сезона.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Денес во 17 часот на „Енфилд“ ќе се одигра најголемото дерби на Островот, силите ќе ги одмерат Ливерпул и Манчестер Јунајтед.
Тие се на врвот на табелата, се разбира, дека се самоуверени. Го познавам тоа чувство прилично добро – чувството да се има среќа. Знаете како го победија Евертон, знаат дека во последниот натпревар првиот гол беше од офсајд, знаат и дека со Наполи можеа да отпаднат на крајот на натпреварот. Тие имаат чувство кое и јас го почувствував, кога се одеше според планот“, изјави Португалецот.
„Сепак, мислам дека не се глупи. Одлично ги познаваат наште слабости и нашите добри страни. Ако не ја почитуваат нашата сила и не потценат, јас ќе бидам среќен поради тоа“, додаде Мурињо.