Дома Трансфер зона Мурињо има нова желба – ги поместува границите на фудбалот!

Мурињо има нова желба – ги поместува границите на фудбалот!

Жозе Мурињо минатото лето постави нов светски трансфер рекорд кога го донесе Пол Погба за 105 милиони евра, а англиските медиуми тврадат дека следното лето Португалецот повторно ќе ги помести границите на фудбалот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, примарна цела на Манчестер Јунајтед е да донесе врвен напаѓач кој ќе биде замена за Вејн Руни и партнер на Ибра во нападот.

Иако медиумите веќе подолго време тврдат дека тоа ќе биде Антоан Гризман и дека „црвените ѓаволи“ веќе имаат договор со Французинот, сепак Мурињо има други планови.

Имено, најголема желба на „Специјалниот“ е ѕвездата на Барселона Нејмар, за кого е спремен да ја активира откупната клаузула која изнесува 250 милиони евра, со што ќе го направи најскапиот трансфер на сите времиња.

Втората мета на Мурињо е Хари Кејн од Тотенхем за кого смета дека идеално би се вклопил како партнер на Ибра и дека ќе може да биде носител на играта во наредните неколку години.

Во секој случај Мурињо неодамна најави дека следното лето ќе биде срушен трансферот на Погба, а најверојатно ќе го сруши тој самиот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…