Дома Фудбал Англија Мурињо: Де Геа е трет најдобар голман во светот!

Мурињо: Де Геа е трет најдобар голман во светот!

Манчестер Јунајтед вечерва ќе го одигра последниот меч во групната фаза од Лигата на шампиони против ЦСКА Москва.

Жозе Мурињо на пресконференцијата, меѓу останатот, зборуваше и за Давид де Геа – третиот најдобар голман на светот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓу стативите вечерва ќе стои Серхио Ромеро, а „Специјалниот“ во свој стил одговори на прашањето дали има подобар голман од Давид де Геа.

Дали во моментов постои подобар голман од Де Геа?

„Да“.

Кој е тој?

„Ромеро. Затоа што тој ќе брани, а мојот голман е секогаш најдобриот на светот. Поради тоа Давид сега е трет најдобар голман. Ромеро е број еден, а Џоел број два. Давид е моментално број три“, одговори во свој стил Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…