Жозе Мурињо веќе подолго време го следи Марсело Сабицер и сега е подготвен да го купи играчот на Лајпциг за 50 милиони евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Австријскиот играч претходната сезона му помогна на Лајпциг да го елиминира Тотенхем од ЛШ, а Мурињо од тогаш редовно ги следи неговите настапи и верува дека е идеален за неговиот тим.
Сабицер е во Лајпциг од 2014 година кога пристигна од Рапид и стана еден од најдобрите играчи во Бундеслигата.
Со Лајпциг има договор до летото 2022. година, а германскиот клуб сега смета дека има добра шанса да заработи на играчот за кој плати само два милиони евра.
За сега единствено не е познато дали Мурињо ќе се обиде да го реализира трансферот во јануари или ќе го чека крајот на сезоната.