Дома Фудбал Англија Мурињо вмеша прсти онаму каде Реал го прогласи „трансферот на годината“ и носи засилување вредно 140 милиони (ВИДЕО)

Мурињо вмеша прсти онаму каде Реал го прогласи „трансферот на годината“ и носи засилување вредно 140 милиони (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед во Премиер лигата има дури 11 бодови помалку од водечкиот Сити, па тимот на Мурињо веќе на пролет може да се насочи кон Лигата на шампионите и куповите, бидејќи тешко е да се поверува дека моќниот Сити може да прокоцка толкава предност.

А Мурињо, како што се наведуува веќе најде засилување коее ќе може до крајот на сезоната да игра во Лигата на шампионите- Мауро Икарди. Фантастичниот аргентински напаѓач запиша 17 погодоци во исто толку овосезонски настапи за Интер и е еден од најдобрите играчи во италијанското првенство.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот стратег е подготвен да плати дури 140 милиони евра за него, јавуваат медиумите. Икарди на „Олд Трафорд“ би заработувал дури 328 илјади евра неделно.

Мурињо со неговото пристигнување би ги уништил плановите на Реал за нивниот трансфер на годината, со оглед на тоа како што беше познато Реал веќе го договорил Икарди за 92 милиони евра. Дури во италијанските медиуми се споменуваше дека Икарди кон крајот на годината ќе пристигне во Мадрид на лекарски прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Салах со промашување на кариерата🎥

Астон Вила и Ливерпул играат одличен натпревар, иако за „црвените“ нема резултатско значењ…